Двапати на ден над Прењес се наднесува облак на битисување. На развиделина и квечерум. Двапати поминува колона камиони.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И удираш двапати на лице, еднаш - наопаку, со тилјето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И така, во намисувања за деновите на пониженост и миговите на гордост заради тоа што се успеало да се опстане и да се пркоси на сѐ што било туѓо, немило и недраго, омразено и мрачно и што било судбина натурена со туѓа рака и волја, си тече животот во тесната котлинка меѓу коњушниците, подгниените бараки, трите казани, прашливото џаде, камионите што двапати на ден пренесуваат ранети и оздравеници, лелеците и тажалките, полудените, падавичарите и црневицата расплакана, болна од чемери и исчекување.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)