Добро, многу нешта за таткото не биле криени од Иван, но постоеле ситници кои биле важни а сепак останале недоречени.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тоа е тоа што делумно ги побудува театралностите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Глобалниот град се појавува како нова граница, гранична зона (како простор создаден од дисконтинуитетите, во кој дисконтинуитетите добиваат терен наместо да останат линија на разграничување) што резултира во создавање на нова топографија на централност и маргиналност, „којашто ги надминува националните граници и старата поделба на Север-Југ“.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Затоа андерграунд уметникот се зафаќа со продуцирање на филмови со што делумно ги неутрализира затупувачките пропагандни пораки на индустријата за филм контролирана од моќните мултинационални компании и од разните политички режими...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Џоан Крафорд, во Најмила мамичке, и покрај тиранството врз Кристина и покрај многуте испади на хистерично малтретирање, не може ни со ченгел да ја извади кај својата усвоеница почитта што смета дека ѝ следува – а токму затоа и мора да кука што ја нема и да вложува онолку јалово насилнички труд за да ја добие.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И колку поголем авторитет имаш, толку е поневеројатно дека „ќе шизнеш“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Еднаш дури и ме праша (но без спремност да дочека и одговор, иако бараше мислење) колку било разумно нејзиното однесување кога само делумно ги задоволувала љубопитствата на синот?...
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Таа делумно ги репродуцира постојните нееднаквости, но истовремено е резултат на динамика специфична за моменталната форма на економски растеж: „Глобалните градови акумулираат огромна концентрација на економска моќ, додека градовите кои некогаш биле главни производни центри трпат прекумерно опаѓање; центрите на 48 градовите и деловните центри во метрополските области добиваат огромни инвестиции во недвижности и телекомуникации додека урбаните и метрополски области со ниски приходи гладуваат за ресурси; високообразованите работници во корпоративниот сектор се сведоци на зголемување на својот приход до необично високо ниво, додека ниско или средно квалификуваните работници се сведоци на тонењето на своите приходи.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)