А тоа да ви беше уште пред речиси три децении; слаткиот реганист клубџија, да преживееше, сега ќе ја имаше заминато педесеттата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-луѓето изгледа постојано откриваат, а потоа и преоткриваат – секогаш со истата шокираност и изненаденост, со истата неочекувана вџашеност – колку тривијална работа им е гејството, колку малку им е важно, колку е безначајно во поголемиот сплет на работите, колку малку се идентификуваат со него, колку мала потреба имаат да ѝ припаѓаат на култура што се гради околу него.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако излезе дека сиве овие вечни тврдења за генерациската разлика се точни и актуелни, тогаш би излегло и дека народон што има над триесет години и што денес виси по пијано-баровите бил до пред само кратко време новата генерација што излегла од тинејџерството и не чувствувала никаква лична поврзаност со геј-идентитетот, со геј-културата и со геј-заедницата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А за тинејџер тоа е старост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)