денес (прил.) - тврди (гл.)

И како тогаш да не се запрашаме дали Иван Степанович не е првиот кој ја открил сличноста на својот син со Генералот?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јас и денес тврдам: кога ќе се случи ваков вид откритие, или таква голема сличност каква што е сличноста на малиот Алексеј со Ролан, зар нема прв да се посомнева и прв да ја открие прелагата токму законскиот татко?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сеприсутната граница: безбедност, надзор и зонирање Сѐ поголем број на аналитичари денес тврдат дека глобализацијата (која генерално се карактеризира со зголемување на меѓузависноста и меѓуграничните интеракции46) ја намалува важноста на меѓународните граници како основни политички институции.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)