денес (прил.) - ги (зам.)

Привикни се на тоа: еден ден уметниците ќе користат кондензатори, отпорници и полупроводници како што денес ги користат четките, виолините и старудиите. 5.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тимберланд е фирма која прва исфрли на пазарот висококвалитетни кожни мокасини со врвка провлечена околу ободот долж целите чевли.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој индијански дух е денес ги проникнува многуте производи на доселениците на американскиот континент - од цигарите до тимберленд мокасините.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мокасини од кожа мошне добро изработувале уште Индијанците.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но двете треба да го направат реален (ориентален): фактот на нераздвојување.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не вреди да ги составуваме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ако не ви е јасно, јас ја носев најголемата торба, а се подразбира дека ден денес ги жалам коледарите со полни торби ореви, костени и портокали.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Силата и авторитетот на некоја празаедница се единствените постулати на „општественост” коишто денес ги имаме.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
ГРИНАВЕЈ: Покрај тие влијанија („Седмиот печат“ на Бергман, Ален Рене со филмот „Минатата година во Мариенбад“, Борхес... - заб. на прев.), од практична страна, не знаев како да почнам и бев во недоумица, како многу луѓе што денес ги среќавам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Стариот скопјанец кој станал член на комунистичката партија и за Титово време лапнал муфте стан, а шупата ја продал на градежен инвеститор па воедно лапнуе уште 3 стана за возврат кои денес ги издава под кирија на провинцијалските студенти.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И доколку само со едно и единствено вдишување Буда или Александар Македонски, Исус или апостол Павле, Цезар и Антонио внесувале во себеси над дваесет милијарди атоми - тоа истите тие, и невидливи и вечни - денес ги вдишуваме и ние.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во Париз уште во 1963 година е формиран специјален Институт за уредување на Париската област, во кој се зацртани и темелите на Париз во неговиот развиток од 2000-та година, кога француската метропола треба да нарасне на 14.000.000 жители или да има двојно повеќе жители отколку што денес ги има во потесниот појас на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа не е праведна; затворање на луѓе поради тоа што користат некаква супстанца, дури и ако е штетна, ги крши нивните основни права сѐ додека нивните постапки директно не ја загрозуваат околината.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од друга страна пак, најголемиот број проблеми кои што денес ги создава наркоманијата, не потекнуваат од уживањето, туку од забраната на уживањето.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Неколку форми кои денес ги знаеме како фрактали се откриени многу години порано.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Есејот беше напишан за една ноќ, со многу вино, што може да се забележи, според наместа неповрзаните асоцијации; јас и денес ги гледам тие места, но не ги коригирав, за да можете да сфатите во каква емотивна состојба сум бил тогаш.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Вие веќе денес ги расипавте вашите односи со Вишњевски со вашата склоност кон избрзани зборови.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Зар успеале да ми втиснат со сите методи на доктринерската тортура некаков сталинистички ген, па јас дури денес ги сожалувам!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Можам само да верувам дека нему му беше најтешко со тие егејски групашења, кои и денес ги има со нивните грижи за браќата и сестрите Егејци.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На исклучоците на другата страна, на мажите коишто отстапуваат од општествено најпожелната улога на херојски борец за националната кауза им преостанува само на јавна сцена улогата на заговорници на цивилно општество, односно на неговите вредности: човечките права, ненасилството, толеранцијата, еднаквоста на половите итн., значи дејствување на едно подрачје на кое кај нас во традиционална смисла може да се докаже сѐ само не машкоста, подрачје, имено, на оние интереси што хрватското мнозинство денес ги смета за сѐ уште бизарни, недостојни за вистински машки ангажман, па затоа подрачје препуштено на дезертерите од сите видови, слабаците, педерите, накратко на женскиот свет како таков.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Останатите присутни муабетат со оправдани насмевки (впрочем, стигаат на време) за времето, изборите, работата што денес ги очекува.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Една од работите што денес ги знаеме е дека било што да се случува може со помош на електронската техника може да се доживее како било која друга работа (хепенинг).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ама јас не сум меѓу оние што денес ги наведнаа главите.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Оние кревки дрвца што денес ги окопувавте ќе израснат во чудесна шума - еден дел од шумското богатство на планетава Земја!“ дорече директорот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)