Од денес јас ќе бидам ЈАС.
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Фала, комшија ... Ние треба да се заштиштаваме... Денес ја тебе, утре ти мене...
„Гладна кокошка просо сонуе“
од Блаже Конески
(1945)
Беше опчинет од гласот – гласот на продавачката, гласот на старицата: - Значи, денес јас трипати ве сретнав.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Оди, мила наша, а ние ќе ти ја наполниме таблата со турли-турли јадења, мажите со насмевка да те пречекаат, тебе аберџијке, што ќе им ја заголнеш душата.’ И така ја наполниле таблата со езерски риби прелиени со мед и со суво грозје, со сарма од лист од винова лоза, со сирење од немркана овца и со слатки од бадеми.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во оваа вејавица, под лудите завивања на ветрот, во овие диви планини што лежат под дебел снег, под постојан дожд од топовски и минофрлачки гранати и непрекидно кракање на митралезите и денес јас сум жив.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Или, не дај Боже, ако би си се откажале од својата историја,би си признаеле дека сме во дрво без корен, ако би си рекле самите на себе: Од денес јас почнувам нов живот, не ми е важно минатото!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Жената на средниот брат ја наполнила тавлијата со алишта и тргнала, па клекнала пред жената на најстариот: „Сестро, ѝ рекла, сестро мила, денес јас сум редница, мене ми е редот да им однесам храна на мажите, арно ама маж ми ми рече оти ќе ме убие ако не му ја исперам преслеката, а тавлијава ми е полна, дури и преполна.“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)