Се случувало во историјата на еден јазик да биле користени неколку смерови, како во раниот грчки јазик, кој во различни периоди од својот развој бил пишуван од десно кон лево, од лево кон десно, па дури и во двата смера наизменично (како бустрофедон).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Погледна в десно кон каде што го здогледа ѕвончето, го притисна и го врати погледот врз фотографијата на истоименикот Едо.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Чекореше кон кејот, па потем крај самата река, ќе го минеше дрвеното мовче, ќе погледнеше десно кон класичното здание на Театарот со каријатидите кои бранеа еден друг, минат поредок.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тоа е постигнато со замена на семитските консонантни значења на одделните знаци со соодветни вокални значења на грчкиот јазик и со преобразба на некои консонантни значења од семитскиот систем.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Освен тоа, беше сочуван нацртот на знаците, нивните имиња и насоката на писмото од десно кон лево, што се комбинираше со насоката од лево кон десно во секој нареден ред - бустрофедон начин на пишување.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Обично се пишуваат од десно кон лево, така што симболите се свртени спрема почетокот на редот; но пронајдени се и вертикални редови од хиероглифи што ги следат линиите на градбата.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
По малку време, сите заедно, тој и публиката, заминаа нагоре по она тесно патче што води кон погорните куќи и потоа десно кон двете продавници кај мостот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Водата се оддалечила доста, заслегував малку надолу и десно кон долот, а сетне пак почнав да се искачувам малку нагоре по падината што паѓа откај Гупеш.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)