3. Парадокс
Ако „Бог ја знае мерата“ на бесмртноста
и на злото кое „расте и зрее“19
тогаш нека гугне
зошто бројките се зголемуваат
а бесконечното се наближува
кога – о, парадокси! –
„секој ден сме сѐ повеќе во загуба“20
нека објасни
-богат со средства и начини-
кој ги благослови човекомрсците
та в оган фрлаат сѐ живо и диво
да му се сотре семето на семејниот
Матери?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)