- Добре дојде, ми вели Левтерија. - Добре најдов, ѝ велам. Така мене, така и на Витомира му вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Митра ѝ притрча и ја дочека: — Бре, добре дојде, невесто Досто. — Бре, добре најду, сестрице Митро. И се избакнаа тука среде двор.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Добре најдов, бег, господ добро да дава, — одговори Јован, а Адем го започна сериозниот разговор: — Е! Виде чифлигот, чорбаџи Јован?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Добре најдовме. Дојдовме на посета. Не сме од Руља...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)