долго (прил.) - да (сврз.)

Кога се вративме дома татко ми остана долго да чита во ноќта. Никако да згасне жолтата ламба.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Некоја магија и во мрак му го осветлила лицето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но опсената не можела долго да трае. Пак сенките се лееле во сенка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беше една чудна миризба на сончевина и на тих домашен говор, сакаше долго да ја има на лицето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се мачеше да го сметне од себе сето време додека продолжуваше да се мие со снегот пред вратата; се мачеше да го истрие од своето лице неговиот млак допир додека притискаше со белата грутка по слепоочниците и по густо обраснатата брада, а кога не успеа, во него остана знаењето дека вчерашниот ден мораше да ги остави по себе сите свои трагови и дека тој ќе мора нив уште долго да ги носи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Другите два листа беа фотографии на водачите, стоеја тука од првото лето кога ја пуштија пиланата, имаше нешто чудно блиско во погледите на тие двајца луѓе, во чија што топла и сериозна загриженост Змејко многу често сакаше долго да гледа, мислејќи си ги своите мисли, не бес насетување и на змијарникот на своите сомневања, но и секогаш изнаоѓајќи нешто толку едноставно и срдечно, што би можел да им го рече на тие двајца луѓе, за кои знаеше доста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа можеше да биде и следниот миг, не можеше уште долго да трае тоа негово наближување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само понекогаш, кога ќе застанеше да здивне, тој можеше да се обѕрне назад и долго да се загледува во ситната пробиеност на својата трага, а во неговиот матен поглед, со нешто речиси лудечко од напонот во себе, се појавуваше и една самозадоволна насмевка, просто како во дирата по него да беше собрано сѐ, што би можело да го израдува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ајде, Цезар... Кога животот на еден кловн ќе се заборави, неговата смрт, ако е необична, може долго да се памети.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Два интереса, секој длабоко врзан за неговиот живот, се бореа во него на живот и смрт, а кој и да победеше, ќе го оставеше долго да пати.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А мачката личи на влекачите, со триаголната глава и тенките зеници, со способност долго да мирува и одненадеж, експлозивно да нападне.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Понекогаш, ноќе, додека барав и запишував реченица по реченица на овој реквием, чин на почит кон мртвите на кои им се восхитуваме за нешто од нивниот живот, ја замислував во полутемнина и во златна рамка како дело на стар мајстор, висока и чедна како Ерменка (сеедно што можела да биде од словенско или еврејско потекло), во темнолилав брокат или сомот од кој нежно се одвојува син појас; незините полуотворени усни се вкочаниле во миг на воздивка, градите под низа на бел корал или балтички јантар живи се но не дишат исчекуваат нешто, сепак, тукуречи како на чудотворна слика, дамарите на нејзиниот долг врат го отчукуваат времето на онаа вечност што не може да се нарече и враќање; рамениците стегнати во шал од кашмирска ткаенина се тесни, историјата не можела долго да се потпира на нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Петар остана како скаменет уште долго да седи на клупата во паркот кај саатот... ***
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
За да се соземам, почнав да го разместувам она малку што го бев понела со себе. Не зедов ништо повеќе, реков, нема долго да останам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сѐ повеќе стануваше свесна, дека нема уште долго да издржи во оваа куќа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Женава си е чист сурогат! рече, мислејќи веројатно на Јана, додека со нескриено самозадоволство си го потчукнуваше заобленото бедро со розовата дланка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Колковите навистина ѝ се движеа како клатно на ѕиден часовник, дури ми се пристори дека нешто ми кажуваат тие движења и тој звучен ефект од нишањево не беше ништо друго туку објаснување за нејзината голема дарба: (тоа Катерина ми го рече откако стори неколку чекори), а малку подоцна додаде дека умеела да го изведе она кое Јана; за да посака да го изведе ќе морала најпрвин да го смисли а потоа долго да вежба и тоа само за да постигне нешто што сепак ќе личи на обична имитација.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Еден ден кога кравата се телеше со мака и кога ветеринарот Скрез и Цанулица ги немаше долго да излезат од ќералот, Цанул се довлечка до прозорчето од ќералот, и кога ги виде истркалани во сеното, му удри крвта в глава, ја грабна вилата и влета внатре кршејќи ја вратата и забодувајќи ја вилата во бутината од Скрез.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И долго, долго да нѐ чека крупното буре на ноќта остриот млаз на денот да го пробие да бликне еден бел пат широк пат што ќе го однесе од тука.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Чекав доволно долго да го оживеам срцето и после среќниот, страсниот, возбудливиот и сочниот заплет на вљубувањето следи, тешкиот, измачувачкиот и замрсениот расплет на излекување на овие длабоки рани, болка која те обзема кога очајнички ќе се обидуваш повторно да пронајдеш среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога до коска ти се повредени чувствата, наместо рационално размислување, секоја клетка ти е исполнета со разочарување, животот ја губи секоја смисла.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не остана долго да го лекува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Да видам колку можам долго да спијам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но не успеа долго да се радува.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не е можно, се противев јас, ти ништо не знаеш, лекарите не знаат, јас знам, таа ми е другарка, ја познавам јас нејзе, нема да ѝ се допаѓа долго да спие, ќе ѝ се смачи, ќе видиш, ќе се побуни и ќе стане.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Никого таа не послушува, неа ни казни не ја вразумуваат, сè си тера по свое, тивко, мирно, ама пак по свое.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)