- Ах, ах... - плачеше Методија. Илко го крена, го зеде подрака да го носи дома му и слушајќи го каде што издивнува, му рече на Богуле: - Го разбирам дека му е жал...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Затоа ти гледај пушти стројник направо дома му кај него.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Еве, да ми го паметуваш зборов: ако ме дадете за него, на самата свадба, на самата веселба, дома му кај него, ќе се отрујам.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Кога Митко се разбуди се најде во чудо. Дома му немаше никого.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Сите се трудеа да му помогнат, сите избираа најнежни и најтопли зборови за да му ја олеснат болката, сите сакаа да го пренесат дома му.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Дома му кажав на дедо.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ни оти некој те сака да му појдеш дома му, ни оти пак ти влегува.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)