досега (прил.) - бев (гл.)

Ако претпоставиме дека механизмот на процесот досега беше точно опишан, тогаш кој е мотивот за ова огромно и детализирано настојување за запирање на историјата во еден точно одреден момент ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Преку реката пак, Сандре Марче местеше телевизиска антена на ниското куќарче; Коте Буџе, во тремот на плевната, ја гледаше новата крава, швајцарски сој, што ја беше купил, плукајќи во правта долу, да не ја зарече; Пере Катин спремаше дупка за вар за домалтарисување на новата куќа, која досега беше малтерисана само одвнатре и последен пат си изми раце со потурување од стомне; двајцата сопственици на продавниците, како договорени, ги чистеа и ги прередуваа излозите, а по уличките на селото и на малите празни места, на плоштатките, децата си играа слободно по завршувањето на школската година.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Сигурно е - пишува Готје - дека ќе треба време јавноста да се соземе од тревогата од 6 мај, бидејќи, покрај атентатите со бомби и динамит на Комитетот (веројатно мисли на солунските настани - б.м.), неочекувано се утврди пробивното присуство на молњата на еден див фанатизам, што досега беше скриен во сенка“145.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Па јас и досега бев сама, сакам да му вратам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)