Во тие лески имаше доста простор и доста топла земја за во неа да може да се вовлече неговиот самјак и да си ја скрие и својата болка меѓу испреплетканите корења.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Потем лежевме под едно дрво и пушевме; тој пушеше и гледаше во небото; сонцето беше високо, сјаеше и денот беше доста топол; лежевме и само молчевме.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)