Во неговите очи понекогаш се гледаше силна желба да учествува во некој интересен разговор и круг, но мислата го кочеше: да не биде тоа премногу од негова страна, да не биде фамилијарно, и да не го намали на овој начин своето значење?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ако му се случеше да биде со некој рамен на себе, уште и можеше да мине како човек на место, мошне честит, во многу нешта дури и доста умен; но штом ќе му се случеше да биде во друштво каде што има некој макар со еден чин понизок од него, тогаш тој стануваше просто за никаде: молчеше, и неговата положба просто предизвикуваше сожалување, дотолку повеќе што и самиот чувствуваше дека би можел да си го помине времето неспоредливо поубаво.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Така татко на Трајко, мојот прадедо Иван бил природно бистар, доста умен човек, кој водел благородствен живот и доживеал длабока старост.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)