Одеа полека кон селото. Коњите разнемоштени, едно од тешкиот товар, што дотогаш го тегнеа, друго од разделбата и немоќта што не можеа да му помогнат на својот стопан, со вина во погледот врискаа... час подигајќи ги предните нозе, час се тегнеа наназад вклопувајќи ги задните нозе вземја, со високо кренат опаш ја покажуваа својата лутина.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Моето љубопитство, кое во тие мигови не можеше да биде задоволено, полека преминуваше во вознемиреност поттикната од фактот дека прашањата што ми беа упатувани од истражителите често одеа подалеку од она што јас дотогаш го имав кажано, а упатуваа кон нешта што беа веродостојни.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Таа го зеде песочникот што дотогаш го полнеше со пердувчиња и воздух, го истури и го наполни со пудра, вештачки трепки и други ѓубренца.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
- Еееее, - присторе Петре, насмевнувајќи се најшироко што дотогаш го имав видено. – Гроачка од деца е по селово наше, стрико Крстине.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Ниту некој дотогаш го имаше забележано знакот, ниту пак некој имаше чуено дека во близината постои музеј.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
На моменти се прашував дали навистина ќе успеам да ја напишам книгата и дали е добро тоа што дотогаш го имав напишано.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Тој ја подигна истата дланка со која дотогаш го следеше ритамот потчукнувајќи по ногата и ја допре по образот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Дефинитивното обединување на сите македонски племиња го извршил Филип II Македонецот (359-336 г.пне.), најголемиот воин што дотогаш го дала Европа.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Беше тоа најдолгиот, најтажниот и најнесреќниот месец што дотогаш го познавав. Но, не сакам сега за тоа да зборувам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Оти, ако ѝ речам „мамо, ајде да се дружиме“, а не сум го погодила моментот, таа може да одговори, „важи, ајде, немам ништо против“ и пак да продолжи да го прави тоа што дотогаш го правела, исто како да не постојам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Се спушти главачки по таа удолница, како да се откачил од нешто, што дотогаш го држело врзан, ја спрашти меѓу сеништата на белите дрвја, блед и поткасан сам и совладан, и сега се тркалаше по таа удолница, немајќи смелост ни да се обѕрне.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А кога беше бискуповиот авторитет во однос на „вредноста“ отфрлен, со тоа беше отфрлено сè она што дотогаш го разбираа под поимот „теорија“.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Откако дедо ми ми го објасни сето тоа, јас моето име, кое сè дотогаш го мразев (зашто никој не може да го запамти од прв пат и никој не се вика така), почнав дури и да го сакам.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Беше јасно дека крајот на студената војна и биполарната епоха ќе му даде ново обележје на судирот на Блискиот Исток.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Јасер Арафат со својата мировна фаза ќе верува во спектакуларен успех, за многумина тој беше престанал со самоубиствената стратегија која дотогаш го обележуваше неговото владеење.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Едно мало човече, кое дотогаш го немав сретнато, довлечка од некаде кутија со пијалок и се качи на неа само за да може да ме потчукне по рамото во знак на охрабрување.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)