Перса не ја послуша, само ѝ рече дека до идната недела сè ќе биде готово, дотогаш да најде превоз за да си ги донесе пљачките, за друго да не се грижи.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Било како дотогаш да плачела само колку да го повика него. А сега, кога тој бил тука, таа само солзела.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Бездетна како што беше, со чемер в душа, таа во несреќата со Бошко си го откри меракот да заштитува немоќни, мерак всушност по незаштитеност на дете, каков што таа немаше можност дотогаш да пројави.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)