Голема по својот дух, таа не само што ќе го понесе товарот, туку и ќе се усреќи од сознанието дека може да се размножи повеќекратно и дека својот голем дух ќе го подели со своите деца, давајќи им духовно богатство.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Оминува и одново не остава застанати покрај аксим или Капали чарши, спроти симболите што ја враќаат свеста за некогашниот деспотизам или духовно богатство на Ориентот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во јазикот има одделни гласовни знакови или зборови за сите мисли, чувства и желби на еден човек, затоа јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство во кое се заклучуваат отпечатени во гласовни знакови или зборови сите народни мисли, чувства и желби со коишто има живеано и живее еден народ и коишто се предаваат како нешто свето од едно поколение на друго.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)