Фабриката беше дадена на јавен тендер, на којшто – преку новоформирана фирма, основана на име на неговиот внук, се пријави еден познат македонски капиталист – олигарх од Скопје со политички амбиции, кој е меѓу најбогатите луѓе кај нас (Т.К.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во Наташа се разбуди искра надеж: дојде до некаков контакт, некое разбирање; но сето тоа се беше случило само во човечкиот дел од свеста на старецот, оној што исчезнуваше; само оттаму допре тој кревок знак: „не сум јас“; а внатре... внатре... во длабочината на неговата сегашна душа, тој знаеше што е со неговото „јас“; тоа стана трепет од непостоење и цицање крв. 74 okno.mk Поради тоа неговите зборови не го променија неговото однесување; изговорувајќи ги, тој неумоливо се приближуваше до ќерка си... и се впи во неа: Наташа ја загуби свеста.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Кога дојдоа Вадим и Ирина, Наташа едвај беше жива.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
На работа едвај беа повратени околу 50 „среќници“ кои секој месец склучуваа договори за вработување на определено време и кои добиваа фиксна плата од 12.000 МКД, иако работеа секоја сабота како да е нормален работен ден, без тоа да биде некаде евидентирано – при што се правеа класични малверзации со картиците за електронска евиденција;5 работеа сменска и ноќна работа строго стоејќи на нозе (за приседнување 252 или потпирање се добиваше казна – 20% од месечната плата), во незатоплена и неклиматизирана фабричка хала.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Обезвреднетата фабрика, некогашен гигант и бисер на велешката индустрија, беше продаден за смешна сума на трговското друштво „Керамика Нова“ ДООЕЛ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)