едвај (прил.) - ги (зам.)

Лицето ѝ беше бледо, очите едвај ги држеше отворени.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Коњите сега ослободени од каскањата и затегањата на уздите или удирање по мевот од петиците на полковниците - започнаа веднаш да прават немирлаци меѓу себе: да се душкаат со муцките, да се подгризнуваат за вратовите или да се потчукнуваат со колковите што прислужникот едвај ги врза.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Јас притрчав и, дали од возбуда, дали затоа што сè уште проѕирните ноктиња ја имаа вешто опфатено ткаенината, едвај ги раздвоив.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Едвај ги отпрета нозете од тоа, оловни. И ги покрена да заминеш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Гита го испрашува гледајќи го во празните, сиви зеници, без и да отвори уста, го прашуваат очите на неговите сопствени деца, очите на луѓето што едвај ги среќава низ испразнетите гета, погледите на оние 43 илјади луѓе што заминаа со писокот и чадот на локомотивите и што ги нема веќе, а тој, ете, ги гледа секаде наоколу.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дуќанчето е толку мало што едвај ги собираше него и син му додека Јаков чиракуваше.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Европа што ослободува и Европа што цинично уништува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Не можам да воведувам нов вид плаќање за млади луѓе кои и онака едвај ги собираат месечните надоместоци за часовите. Знаеш и самата, криза е”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Иако телото ми беше слабо и изгладнето, нозете како да ми беа од олово и едвај ги подигнував од подот, обидувајќи се да истрчам низ влезната врата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се смрзнав во место, исплашен да не скршам или да не уништам нешто, а потоа ги собув чевлите и смрдливите нозе ми пропаднаа во белиот килим, кој беше толку чист што моите чорапи сигурно го навредија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ги отворив очите, сѐ трепереше пред мојот поглед, едвај ги наѕирав контурите околу себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не знаев ни каде сум, ни која сум.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)