Сулоага, со ќуркот на едното рамо, чибук од половина метро в уста, едвај го лапа ќилибарот, се шетка и прави муабет, де со еден, де со друг чорбаџија Распрашува за дома, за деца, за стока и за бериќетот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но во пустиот јадрански Голи Оток едвај го спаси своето тело од постојаната тортура и хронично гладување, макар што некои делови од телото му останаа осакатени до крајот на животот, особено желудникот, кој можеше да прими малку храна и понекоја капка ракија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Јас со своите четриест и осум кила едвај го носев тешкиот куфер кој сигурно тежеше некаде дваестина кила.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Се сеќавам како мојот португалски мешетар заборави англиски и се обиде на четири јазици да ми соопшти, едвај го разбрав, мислев дека ми кажува дека Медина гори.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
И таа, што едвај го надраснуваше неговиот појас, се намалуваше.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Снегот толку ретко доаѓаше во нивниот град - Илчо едвај го дочека, па реши да не му се плаши на студот.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Мацко едвај го препознаа од нечистотијата по него, и по тоа што беше сосема здивен.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Едвај го намоливме да не ме прати сургун.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Пред многу години, уште пред времето на Silicon Valley, кога компјутерот едвај го собираше во голем простор, и пред да си ја создаде репутацијата на LSD гуру, др.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
И мојата глава се веднеше, мојата глава паѓаше на моите гради; едната рака, стегната во тупаница, како да се спремаше да се брани од болката, а сепак не издржуваше, паѓаше во мојот скут, другата рака ми се олабавуваше, затоа што знаев дека нема да се спасам од тонењето ако се фатам за сламка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Другата рака, положена во скутот, олабавена, едвај го држи шестарот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)