Запиша нешто во потсетникот и погледот го упати низ прозорецот, на содржината на големиот квадрат прекриен со бела, едвај забележлива завеса: голи гранки од липа на кои слетаа неколку птици раштркувајќи ги од нив капките наредени како мониста, и жена, од другата страна на железната ограда, стуткана во сив мантил, со црна плетена шапка на главата, забрзана по плочникот прекриен на места со вирчиња вода.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ете и трага, едвај забележлива,
од ореол.
Од занес.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Беше прекриена со лесен чаршаф преку кој се оцртуваа облините на нејзиното тело, низ едвај забележливи поместувања, со благи бранови според ритамот на дишењето.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Се избезумија од тоа, и тој, и Претседателот, иако тоа беше само мимолетна едвај забележлива повенатост и зимурливост со боја на смил во тие старечки црти.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Понекогаш има блага, едвај забележлива насмевка; понекогаш ’рчи гласно како трактор.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
„Ако таа крава се омажила, тогаш има шанси и за нас“, се тешеа две девојки кои минуваа крај нив, со сосема пристоен изглед, но со оној едвај забележлив став на лажна надменост, карактеристичен за повеќето немажени а ’еманципирани’, на прагот на средовечноста.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)