Илона милуваше Деница да ја нарекува пица и тие два слога, извлечени во рима на тросложното име, кажувани бистро, со мали, едвај чујни, префинети одгласи меѓу одделните гласови (Д-е-н-и-ц-а-п-и-ц-а), во звукот што произведуваше значење, секогаш беа природно синхронизирани со движењето на двете сочни, умерено пополнети усни развлечени во блага насмевка чиј свод беше сјајот на зелените очи, длабоки и проѕирни, очи без дно, складно сместени во ведрината на нејзиното лице.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Го понесуваше и го ужасуваше жената од која бликаа зрелоста и подготвеноста страсно да даде сè што извираше од длабочините на нејзиното срце, од душата и од пичката, а притоа да биде детски наивна во виртуозната игра со која двајцата се спојуваа во мирис на свежа пот и едвај чујни, неартикулирани гласови, во топлина и сласт разлеани по чаршафот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)