Еротичната катарза беше доволно настрана да предизвика да се восхитам на способноста на соговорникот постојано да ја чувствува и еднакво да се разочарам од нејзината неспособност самата да се рефундира, без да ги трансформира силите на туѓата, подарена или сосила присвоена енергија.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Миха, кој уште со тапанот се научи еднакво да удира со големата како и со малата палка, небаре си го вртеше образот на ударите од животот, го прими својот успех наполно мирно, поправо онака прибрано како што ја прими татко му неговата диплома: дури не се чести ни со чаша пиво, а не пак да стави вратоврска на крута јака и да подигне пенлива шира во лажлива здравица.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Таа не правеше некоја разлика меѓу децата, па тие ја засакаа зашто на сите им ставаше еднакво да јадат.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)