експлицитен (прил.) - ги (зам.)

Елтон Џон отиде дотаму што изјави дека ќе ни ја збрише ‘Ќе преживеам’ (I Will Survive) и од помнењето и од џубоксите и од парадите на гордоста“.133 Пред тоа, сфаќајќи дека меѓу поп-ѕвездите ја беа вивнале огромна маса геј-обожаватели, Гага заземаше сѐ поотворени и поексплицитни политички ставови во прилог на геј- и лезбејските права; во 2010 година држеше политички говори и си ги мобилизираше обожавателите за укинување на законот „Не прашувај, не кажувај“, законот со кој Конгресот им забрани на нехетеросексуалците отворено да служат во војската на САД.134 Овој политички ангажман кулминираше со нејзиниот нов сингл, „Ваква родена“, во кој се инсистира дека „Бог не греши“ и дека сите „животни хендикепи“ (меѓу кои Гага експлицитно ги става нестандардните сексуалности, и родови, прилично хомофобично, заедно со небелечките расни и етнички идентитети) затоа се природни и правилни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)