Во првата измена и дополнување од 2010 година,124 позначајни промени кои се воведуваат се ослободувањето од обврска за плаќање на придонес од здравствено осигурување за лицата кое се пријавуваат во Агенција за вработување на Република Македонија и кое писмено се изјасниле дека се пријавуваат само заради остварување на права од задолжително здравствено осигурување, како и обврската за самовработените лица самите да си ги пресметуваат своите придонеси, наместо како што беше претходно утврдено тоа да го прави Фондот за здравствено осигурување и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РМ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со измената од јули 2014 год.,127 се предвидува како обврзници за плаќање на придонеси од задолжително здравствено осигурување и пензиско и инвалидско осигурување да бидат и лицата кои остваруваат приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор (популарно наречени „хонорарци“) и притоа остваруваат надоместок повисок од износот на утврдената минималната плата.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Македонија и за физичките лица кои работат за правно лице и се од или имаат посебно значење кое е од витално значење за давање на услуги, опрема за истражување, методи и менаџмент на компанијата (чл. 4 од ЗИДЗВРС/фев.14); г) кај одредбите за регистрација на почетокот и завршувањето на работата која ја извршуваат странци, се пропиша можност АВРМ по службена должност да може да го пријави во задолжително здравствено и пензиско осигурување на бруто плата пријавена во договорот за вработување пред Агенцијата странецот кој се има стекнато со матичен 66 Според Одлука У.бр. 230/2009 на Уставниот суд на РМ „наведените ситуации доведуваат до состојба исполнувањето на обврската на тоа лице со одреден статус да влијае на остварувањето на право на работа како на работодавачот, така и на странецот што е уставно недозволено, а секако тоа води кон стеснување и на обемот на правото на работа и достапноста на секое работно место секому под еднакви услови.“
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)