Козарите, како по договор заедно ги напуштаа своите куќи, планинските села.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Нема да нѐ бркаат“ објаснуваше Влатко, восхитен дека предлогот е прифатен.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Паркингот пред СКОПЈАНКА беше исполнет до последното место.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Каква работа? Нели сите работи заедно ги вршиме?
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Засекогаш ќе остане во моите мисли зашто заедно ги делевме моментите на среќа и тага....
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Прогонувањето на преведувачите на Библијата во времето кога научниците заедно ги преведуваа и репреведуваа грчките класици и римските автори, е важна алка од ланецот на причинско последичните врски кои имаа придонес за развивањето на капитализмот и падот на феудализмот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Еми не се двоумеше да изјави дека сака да воведе промени во својот живот, па заедно ги разгледавме достапните докази за тоа дека е во состојба тоа да стори: настаните кои укажуваа на отпор кон “управувањето со себе”.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Или можеби повеќе ја привлекува идејата да им се спротивстави, и идејата да го преземе животот во свои раце?
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Овој проблем ја измачува веќе подолго време и се опира на многуте обиди за негово разрешување.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Прво заедно ги разгледавме ефектите коишто anorexia nervosa ги имаше во разните области од нејзиниот живот - вклучувајќи ги социјалните, емоционалните, интелектуалните, и секако, физичките.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тој сите заедно ги потонува со себе.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Понекогаш заедно ги гледавме неговите портрети кои ги имаше изработено човекот кој му беше бил како татко.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Ова е сѐ што ќе остане од мене,“ рече Рајнер собирајќи ги портретите, „а и тоа еден ден ќе се претвори во прав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но, ни тоа не потраа толку долго, колку што беше потребно, за да го узрее во себе дури ни тоа чувство, кога виде како по снегот наоколу почнуваат да се редат едно по друго и да нараснуваат во приближувањето десетина издолжени црни тела, сите со муцките впиени во сиромашката миризба на крвта, чиниш врзани за тоа испружено тело во снегот со некакви невидливи врвки, кои некој сега сите заедно ги повлекуваше.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во прегратка го гушкав својот сакан, заедно ги раздиплувавме мечтите, а во долапот за навек далеку од сечии очи ги заклучувавме досмртните ветувања.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сфати и не и пријде. Не ја поздрави и отиде на станица да растоварува вагони, три дни, додека не го најде некој од оние со кои заедно ги нишанеше Германците.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Јас знам дека тоа беше љубов за која требаше да се живее, но наспроти сѐ јас умирав преповторувајќи го секој твој збор, умирав препрочитувајќи го секое твое писмо, умирав додека ги диплев алиштата кои заедно ги купувавме, умирав со проѕевките во ноќните бдеења, умирав без да знам дека умирам, а сега умирам додека те гледам пред мене со сето твое отсуство и се прашувам од кога е тоа така, зошто е тоа така?“
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Стоеше бледа и остарена со револверот што му го дадоа во таа ноќ.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Заедно ги свртеа очите кон неа и заедно видоа она што не очекуваа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Сигурно сега соновите им беа споени и во нив заедно ги следеа јагулите на долгиот пат, пред денот што се вестеше со новите неизвесности.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Се разбира, при броењето се служевме со лупи. Или и оваа глетка ја имам сонувано?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не држете ме за збор, и сега сум спремен да тврдам дека со Стариот писател Зрновски заедно ги броевме редовите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Секое претпладне ти пржеше свежи, тукушто купени џигерчиња, заедно ги пеевте „На срце ми лежи“ и „Миле Поп-Јорданов“, те водеше со себе во дуќанот во Чаршијата и додека, со окуларот на десното око, ги испитуваше зголемените механизми на часовниците, ти трчаше околу, од еден дуќан во друг.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
„Точно“, вели Анатолиј, „заедно ги арчевме парите, ама ти дури во Скопје замина со Козаците.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Заедно учеа дома, заедно ги подготвуваа домашните задачи.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Тие излегоа откај влезот со пластична кофа, па заедно ги полеваа цвеќињата насадени во бетонски жардињери, од двете страни на влезот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)