Потоа дојде, си ги навлече патиките, заклучи, го стави клучот под чергиче и заедно си заминавме.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Заедно на вода, на река; по орото заедно си седеа и многу си ги бендисаа табиетите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во Скопје тогаш навистина имаше осумдесет еснафи и уште повеќе занаети, и секој еснаф си имаше своја зграда со одаи, разни помошници на занаетчиите, и свој писар наречен граматик си имаше, и сите еснафи заедно си имаа еден заеднички ќаја, но да се биде писар-граматик, иако само на папуџискиот еснаф, не беше мала работа и мала чест.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ја замолив Мони прво да ми прави друштво до продавница, а потоа да одиме кај Бистра за да ја викнеме на лулашки.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)