Иако гласот му беше спокоен и утешителен, дојденецот се лизна на подот покрај камениот ѕид и, така седнат, си го покри лицето со дланките, како за плач.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Вистина, како во скршено, како во замаглено огледало се гледаше, ама ѝ се стори дека тоа е од големата омарнина.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Ние сега гледаме нејасно, како во замаглено огледало, но набргу ќе бидеме лице в лице со Бога и сè ќе ни стане јасно“, повторно прозборе овој.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И при толку многу големо сонце сенката ниеднаш не ѝ се покажа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)