замислен (прил.) - патување (имн.)

Да, драга моја Мила, многу е убав, прекрасен е, паметен е, нежен е, незаменлив е овој мој Игбал, ѝ шепнав како да е таа крај мене на килимот. И беше во тој миг.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Откако ги заврши работите што беше предвидела да ги заврши утрешниот ден, само за да го следи Татко во ноќта, небаре да го преземе својот дел од одговорноста од татковото замислено патување, кое еден ден можеше да продолжи во реалноста, тивко се прикраде до неговата соба.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се сетив на Мила и на нашето заедничко замислено патување, тогаш во нејзината соба, кога ме праша дали тој мој Игбал е згоден.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)