Нашиот свет го скрши на милион ситни парчиња кои се распрскаа низ суровата тишина и засекогаш исчезна во длабочините на времето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Но сѐ што ќе помине од видливо во невидливо, засекогаш исчезнува и никој никогаш не ќе може да го најде, да го види, да го созерца.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И кога ќе ја осетиш на својата кожа болката и неверството, јас ќе бидам единствената на која ќе помислиш кога ќе ги затвориш очите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)