Бургиба Јуниор, во доверлива искреност, ми ги изрече зборовите кои засекогаш ги запаметив и ја чинеа суштината на мојата замислувана телеграма: - Мојот татко Хабиб Бургиба е мудар човек.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кога Крсте Јанчески, војводата, го потамани писмото Благунино, тој не ни помисли дека заедно со него засекогаш ги потаманува и Благуна и Видана нејзин. Не беше глуп па да мисли така.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Како да жалеа и обајцата што засекогаш ги оставаат старите зборови, напуштени од многумина, сами да се снаоѓаат, да преживеат или не до крајот на нивното време.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А беше и човечен, и главата на сиот сој Јанчески, па оттука и задолжен, да мисли за секого од нив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ги обземаше тивка, незабележлива тага што и тие ќе ги напуштат, оставајќи ги на немилоста на времето.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тишината беше мудрата таткова потрага на одговорите од вревата на утрешниот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Со моќта на тишината, без да знаат други, ја минуваа границата која засекогаш ги раздели од нивните.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тишината беше душата на јазикот!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)