засекогаш (прил.) - во (предл.)

Со овие музеи повторно се планираше, проклето се планираше како да се убие Бог засекогаш во човека, да се убијат разликите, верувањето...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа жолта светлина остана засекогаш во нас, како светлина над книгите, во потрага по излез кога ни беше тешко во животот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да не останала засекогаш во Цариград, или се крие во некој од сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Уште баба, од големото турското кадиско семејство од Прилеп, кога како невеста дошла да си ја врзе судбата за новото семејство,во градот крај Езерото, носела јоргованово стебленце за расад, во времето кога нејзинита најблиски, татко и мајка, браќа и сестри, заминувале засекогаш во Цариград.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Јас го погледнав стрештено, оти првпат бев чул некој друг освен мене да верува во такви сказанија и измислици како што се минати и идни животи овде, на земјава, пред да се упокоиме засекогаш во царството вечно Негово, во станот небесен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во таа слепа пустош, гласот на Учителот се всади засекогаш во неговите дотогаш глуви уши.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Да му речев дека ќе останам засекогаш во Шумшул- град, ќе скокнеше од радост до небо.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Додо ми е пријател.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Малку беа спокојните години во Татковиот живот по балканската семејна одисеја, запрени засекогаш во нашата двокатна куќа со убав истурен чардак, градена според урнекот на градбите на османскиот цариградски стил, среде неколкуте такви куќи, задржани во овој град, познат во античките римски времиња како Скупи, а на крајот како Скопје, крај бујната река Вардар што се влева во блиското Средоземно Море.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XXVI Купонските времиња од првите повоени години ни останаа засекогаш во сеќавање, а посебно настанот поврзан со непрочитаната Таткова книга од неговиот пријател Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Битола остана засекогаш во нивните спомени. Градот на султаните и конзулите. Градот на нејзиното детство
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XIII Разговорот со Хабиб Бургиба Јуниор во амбасадата во Тунис ми остана засекогаш во сеќавање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Единствено сега можам Од денес па за навек цолза да сронам за сѐ во животот што не сум сфатила Ако, некогаш утре ја здогледам пак твојата трага што мирно ме следи прикриена, но драга кутрото твое суштество што не знае за тага нема да забележи дека љубовта наша е веќе остарена Заб бел лежи, го бележи Времето и злото А бремето тежи во ова бремено утро што тебе те раѓа за појасно да видиш – она што вчера било засекогаш во заборав паѓа А она што денес не си те молам биди...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Застаната на прозорецот од таа соба, гледав во зелените ливади, сакав да го сочувам тој момент, таа глетка да остане засекогаш во моите мисли.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Многупати во животот, при патувањата со вистински големи и брзи возови, кои го надминуваа и покриваа нашето вовче, тоа ни се враќаше и остануваше засекогаш во движењето низ тунелите на нашето сеќавање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И ние ја сакавме, над сѐ и пред сѐ. Таа беше засекогаш во нас.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И ние оста­навме засекогаш во големиот град крај реката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но Татко, од друга страна, како и Мајка, беа загрижени, да не останам засекогаш во туѓина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сите можеа да бидат во тоа огледало, сите блиски со кои се размина засекогаш во животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кратко траел престојот на Мајка во рајот на детството, во училиштето на солунските Сестри на св. Пол де Венсан, но тој се врежал засекогаш во нејзиниот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не успевајќи навреме да го стори пресудниот чекор, да појде кон Запад или кон Исток, насоките на неговите постојани илузии, останувајќи засекогаш во овој град, поверува во сигурниот реванш на судбината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Најпосле, Татко ги откри главните линии и протагонистите на Мајкината грчка врска.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Стигнале до Америка, а старите останале засекогаш во земјата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А кога Атлантида исчезнала засекогаш во океанските длабини, јагулите по инстинкт и атавизам доаѓале на истото место за да го продолжат процесот на обновата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Таа остана врежана засекогаш во сеќавањето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ги гледаше за прв пат во животот и трите вида сунѓери, кои живееја во Езерото како вистински реликтни примероци, крај бројните видови членконоги, задржани засекогаш во просторот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Веројатно помислувала дека ваквото соочување со вистината ќе може да го доведе засекогаш во ред нејзиниот Генерал.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да го натера, што се вели, да се исправи пред вистината за да може повторно да го заземе заслуженото старо место во нивната заедничка домашна среќа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На чудесен начин ги поттикнуваше, ги оживуваше дамна згаснатите спомени од моето детство, кои не можев да верувам дека не биле избришани засекогаш во мене.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сакав уште поодамна да ви пишувам за една средба во Македонија со познатиот француски есеист Роже Кајоа, чии мисли за човекот и книгата ми се врежаа засекогаш во меморијата и тие асоцијативно се активираа во мене читајќи ги вашите последни писма.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Роже Кајоа пред точно дваест и пет години, во месец јуни во далечната 1976 година, како гостин на Здружението на писателите, ја посети Рерублика Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во тие времиња кај нас постојано се цитираше една Титова изрека дека човекот е наше најголемо богатство и дека, тој е во средиштето на егзистенцијата. Времиња, обичаи...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Набргу во мртвата тишина ги задржавме засекогаш во нас последните таткови зборови на полифоната песна... * Татко имаше уште една последна желба.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко, колку и да се бореше во животот тивко и ненаметливо да ги ублажува наследените и неизбежни разлики, наложени од исчезнатите империи на Балканот, останати како жила­во наследство, со уште пожилава инерција во времето, овде беше оставен засекогаш во просторот каде што разликите беа дефинитивни, засекогаш обележани.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)