Некој од нив, воден од сочувство, одлучи да му помогне на Акакиј Акакиевич барем со добар совет, велејќи му дека тој не би пошол кај реонскиот началник, зашто може да се случи реонскиот, сакајќи да заслужи пофалба од претпоставените, и да го пронајде на некој начин шинелот, тогаш шинелот сепак ќе остане во полицијата, ако тој не им достави законски докази дека шинелот му припаѓа нему; туку дека е најдобро тој да му се обрати на едно значајно лице, дека значајното лице, откако ќе испрати писмо и ќе се поврзе со оној со којшто треба, може да направи работата да тргне поуспешно.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Значајното лице беше во својот кабинет и разговараше многу весело со некој си неодамна пристигнат стар познајник и другар од детството, со којшто се немал видено неколку години.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Токму кај такво значајно лице се јави нашиот Акакиј Акакиевич, и тоа се јави во најнеблагопријатен момент, сосема неповолен за себе, иако, впрочем, поволен за значајното лице.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ако, пак, такви немаше, тој правеше посебна копија за себе, за сопствено задоволство, особено ако документот бил интересен не поради убавината на стилот, туку поради адресата упатена до некое ново или значајно лице.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Треба да се знае дека едно значајно лице неодамна станало значајно лице, а пред тоа било безначајно лице.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)