Се сфаќа зошто трчаат од дома за да стасат навреме на работното место и зошто, откако ќе им престане работниот ден, пак, само сега уште посилно, трчаат да пристигнат дома, да можат далеку од бучавоста по улиците, во метрото, во автобусите, далеку од едноличното тракање на железничките тркала, да се одморат, да здивнат во домашното катче, а размислат за домашните проблеми, да потрчаат пак по продавниците за да купат нешто за секојдневниот живот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)