зошто (прил.) - удира (гл.)

Денко отиде да пие вода или, пак, се скри во папратот каде што одеше да клечи, доктор Коста мереше нешто понастрана, а Бојан, мислејќи на Елена, на градот и на триесетте училишта во него, ритмички удираше со копачот, дури и несвесен зошто удира и што бара.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога поигрувањето се претвораше во измачување, Клара го прашуваше доктор Гете: „Зошто го правите ова?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бесот премина во другите кауши. Кој, кого и зошто удираше во темнината? Глигор и Арсо тоа не можеа да го сфатат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Понекогаш тие игри беа измачувања, кога доктор Гете ги негираше исказите на оние пациенти кои опсесивно зборуваа за блиските кои ги загубиле, или кога на Ханс, кој секогаш кога ќе го слушнеше зборот „зошто“, удираше со главата од ѕидот, упорно му го поставуваше прашањето: „Зошто удираш со главата од ѕидот?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)