Откако се извести за се, па и дека куртули еден, ги развлече устите и процеди преку заби: — Нека остане некој за семе! — ја собра војската и замина за Дуње, наредувајќи му на коџабашијата да ги закопа отепаните комити „да не се свампират" и да го напаѓаат селото.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Вимбашијата се стресе од глетката, a полчишкиот зимошен јузбашија чкртна со забито на Стевана и тивко му проговори: Тој знае зошто умре, но ти не знаеш зошто живееш, ќерата ниеден!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од тогаш талкам по патиштата на мојава сирота душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Мојава душа не ја дочека смрта, зошто умре долго пред неа, во таа студена зимска ноќ заедно со мојот сон.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)