Смешно, ќе ви се насмевнам в лице ако ве има, со презир и похота, со грч во срце што како клопче го собирам, иронично ќе ве исмеам, зошто вие не сте ми поважни од децата мои...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
„Господару“, реков, „Јас гледам, но не знам како и зошто вие и никој овде не гледа; па еве, во ова парченце има дел од косата на ќерката твоја, како абоносово дрво што е; ова е дел од устата, како калинка што ѝ беше, ова е дел од окото гулабово.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кога Антони Барџис водел курс за пишување, еден од студентите му го поставил прашањето: „Зошто вие стоите таму и предавате пишување, а не јас?“
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)