зошто (прил.) - му (зам.)

Тики: Но зошто му го правиш ова?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Краста: Ха, точно 5 месеци и 12 дена!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од постелата стана Гоце. - Кажувај сега, синко мајкин, зошто му ја дупна главата на Сулејмана, а!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Јас не можев да разберам кому и зошто му било потребно сето тоа плетење на тајни конци зад мојот грб.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кому и зошто му било нужно да ги светнува оние стари чевли, крпени со разнобојни парчиња, за да побуди во мене илузија дека ми се даваат како нов велигденски подарок.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но мислата го свртува на друго: Сотка ѝ е внуче на Спасија, близок род се, како ќе му објаснува зошто му е нужна сликата, нели секоја лага ќе биде плитка и жалосна, и тој само ќе се изложи на подбив пред него, ако не и на опасност да разбере прва жена му за сето тоа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Знаеше зошто му се плачни очите на нејзиното девојче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Малото маче - шареноглавче никако не можело да разбере зошто му е потребно опавчето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А и зошто му се!
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Секогаш размислата го враќаше на веќе здодевното и бескорисно прашање зошто му требаше да има куче?
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А потоа и на вечера го поканив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сѐ уште се сеќавам дека му реков на Ѓурчина:"Нема да бев среќен ако морав да го сметам за брат некое копиле на таа Огнена Гулева", и тој наеднаш почна вистински да се смее.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега ми се раѓаат само ќерки", ми одговори Ѓурчин а потоа и двајцата се смеевме на оваа невистина која и не сфатив зошто му се лизна од јазикот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Беше навистина необичен и пред се весел тој наш разговор, и мислам дека од него не се изроди никакво недоразбирање.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знаеше зошто му се плачни очите на нејзиното девојче.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Сега знаеш зошто му се дадени рацете на човекот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
-Старче, зошто му светат пердувите? – запраша, вчудовиден.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Што уште може да му затреба, зошто му е потребно тоа просветлување? – провокативно праша Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Леле, јас будала зошто му реков на Илија да си оди...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Сепак бездруго негде под прав и заборав, лежи документ во кој се објаснува како и зошто му се придружила таа на Дашнакцутјан - Револуционерно движење на ерменците.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дедо му на Ибраим Ибраим, меѓу своите познат како Кара-Демир, се висхитил од долгоногиот распон, зошто му се сторило дека тој иноверник е готов да загине за султанијата па го стасал и трчал со него барабар, воинствено ревејќи сѐ додека на чекор од нив не бапнала граната.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Луѓето им велеле зошто му палат свеќи над гробот кога тој не лежи тука...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Откако со големо внимание и потцртување со тенок графитен молив ја читаше и размислуваше за намерите на Камилски, се прашуваше зошто му ја донел оваа книга дури од Париз? Тука морало да се крие нешто?!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Виде едно безредие на бои и предмети и се зачуди: зошто му се стори далечно, во правечност, едно мислење, кога тоа било сега, пред еден миг, пред да влезе, дека на секој акт закован е со печат по еден човек, нумерирано е по едно стебло, фатена е во челична закачка по една овца.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Многумина им префрлуваа на Димитрија и на поп Јакова зошто му ги дале в раце на кадијата документите, но овие се бранеа дека му ги дале да го убедат во своите права без да се сомневаат дека еден кадија ќе биде толку неправеден да задржува на сила царски фермани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Голаците — сиромаси како што со: Пуцето, Трајко Османчето, Кукот, Кушо, Дано Велјански, Јован Јанов, Ѓуро и другите чорбаџички момци зошто му се!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се сеќавам, во една пригода, кога, на заминување, му оставив една банкнота на Татко од последниот примен хонорар, Мајка тивко му рече: – Зошто му земаш пари?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дејан подголтнува и ме бакнува и ми кажува дека сум убаво грда, јас го галам по боцкавата брада и не сакам да знам што крие под таа газа, зошто му ја ставиле и кога ќе си оди оттука.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Размислувам дали би изгледала посмешно со крваво око, но решавам да бидам врвна во својата мизерија и да прогласам дека повреда на носот е најлоша, бидејќи е централна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Баба гласно колнеше, а јас не можев да разберам зошто му го сториле тоа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сакав да го прашам зошто му се убиените птици, но не се осмелив.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Дедо, - тивко го прашав, - зошто му е окото врзано?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не сакаше да ми каже зошто му е.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Зошто му се две столици?“ „Па за да можеш да седнеш и ти ако ти текне да го посетш“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зошто му е? „Инвестиција“, рече Едо кажувајќи му го всушност објаснението на Су којашто веќе имаше можност да практикува менаџмент.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зошто му го дадовте писмото?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На крај му беше чудно зошто му простив, мислеше дека е тоа од корист, а јас му реков дека моето срце е големо и затоа знае да љуби и да простува.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Претпоставувам дека беше толку изгорен од жените, па се познаваше зошто му врие крвта.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Го зеде со себе зошто му се виде некако мило.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)