За оваа прилика, во нашата постојана рубрика, одбравме да одговориме на некои од прашањата што на некој начин ги отвора текстот на г-динот Банда(ш): 1) зошто презир кон тнр. естаблишмент?; 2) зошто сленг?; 3) зошто псевдоними?
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во четвртиот дел на најдебелите досега “Маргински елементи на самосвест”, делумно и како вовед во малиот тематски блок за Борхес, го пренесуваме текстот “Борхес и Дерида”. (...) Статусот на интелигенцијата е заснован врз еден систем од распространета измама, организирана по станици и меѓустаници, толку заплеткани и меѓусебно оддалечени што, во случај оваа или онаа станица да падне, целината не се доведува во опасност; но, кога ќе се појави решителен превратник, голем саботер, оној којшто удира врз централата, се дава знак за узбуна и членовите на заедницата од сите чинови јуришаат на бедемите со врело масло.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)