зошто (прил.) - човек (имн.)

А зошто човекот не може да биде еден безобличен шлајм за сите цели?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таа негова прдоречивост, односно говорење, имаше некаква црвена фреквенција.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И ти знам исто се чувствуваш.. правиш сѐ за да не се случи она што мора еднаш.. зошто човек може да побегне од сѐ .. но никогаш од себеси...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Наполно ирационално е убедувањето дека може да бидеме оние старите зошто човекот многу се промени.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Па, сега, зошто човек не би смеел да лаже? Не знам.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но, и во овој филм, истиот проблем. (Се жалам премногу, нели?) Изборот на Грејнџер беше погрешен.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Авторот уште се чудеше зошто човеков така и толку се бараше околу ременот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зошто човекот цел живот се мачи за еден ден да се радува, господе?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Почнав да се смеам, онака, вистински, а таа се загледа во моето смеење.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„А зошто човекот го сметаш за смешен?“, прашувам јас. „Бидејќи е таков“, вели Огнена. „Се по нешто измислува за да те збуни“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Размислувам зошто човек мора постојано да јаде, зошто не може да не јаде, односно да не јаде долго време, на пример, еднаш во денот да јаде и да му биде доволно.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Подоцна, не веќе во безумен очај како пред доаѓањето, Онисифор Проказник се обидел да дознае зошто човекот со остра коса носи под кожувот лита мантија што се тутка во прешироки беневреци но пред тоа мислел дека неговата словенољубивост подмолно се пресметала со едно попче што не сакало или не умеело во манастирот да пее на разбирлив јазик пред да се џембоса претепан и по гаќи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подоцна некој бабуњосан Адам Лесновец, за кого можело да се поверува дека удрил со муцка во улиште, им кажал на луѓето од дружината дека човекот во ветов кожув се вика Доце Срменков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И, навистина, зошто човек се раѓа?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А, ако сакате, зошто човек така да ги затвори вентилите на пареата?
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
-Зошто човекот го напаѓа злото? Зошто понекогаш е опседнат од него?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Мислам дека сега не се работи за она старото, нели, кога луѓето се прашувале зошто човекот се искачува на Монт Еверест и кога одговарале, ‘Затоа што е таму’?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)