зрел (прил.) - или (сврз.)

Лудо е ова време во кое живееме, овде на земјава се е како шаховско поле и ништо не е случајно, можеби сами ги поместуваме фигурите, сами го правиме следниот чекор и сами понесени од сопствената волја, зрело или без размислување, без искуство, свесно или несвесно или можеби наивно, будно или сонливо или полу заспано, внимателно или понесени од инстинктите од сопствениот живот правиме пекол и рај, но на крај секогаш стигнуваме таму каде што било пишано.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И никако да ги распоредиш на двете раце, па да ги спуштиш на земја без да се распукаат и да одмериш која прво ќе ја отвориш за да загризеш од нејзиното зрело или зелено, црвено или жолто месо.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не научив да живеам во потчинетост, не поради гордоста, јас сум господар и слуга на мојот живот, несакав никој да ги решава проблемите што сама ги создавав и секогаш се справував со работите на потежок начин.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)