Видовме слични примери на самоодбрана и оградување кај Дејвид Даниелс и кај Ентони Томасини, а да не зборувам за Д. А. Милеровиот фрапиран предмет на љубовта, кој набрзина си ги избришал солзите што ги сронил поради „Некоја чудесна вечер“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-мажите кои сакаат да се претставуваат како мажевни, ненастрани, постгеј или едноставно како обични, секојдневни дечки чија сексуална наклонетост не ги обележува како инакви од обичниот свет, инстинктивно клонат од секој аспект на машката хомосексуалност што би изразувал или би означувал женственост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И навикнати сме да го слушаме она постојано, настојчиво тврдење – што непрестајно ни се повторува веќе со десетлетија – дека машката геј-женственост е нешто од минатото, дека поларизираните сексуални улоги се застарени, хомофобични претстави, дека „кралицата е мртва“, дека нема разлика меѓу геј- и стрејт-луѓето, дека не постои никаква машка геј-култура што би била нешто повеќе од низа од злонамерни стереотипи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ете зошто се склони да одрекуваат секакво учество во геј- културата или секаква свест за нејзиното постоење, иако одвреме-навреме активно се вклучуваат во животот на геј- заедниците.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)