Притоа исклучително ме радува што веднаш на почетокот од Вашето писмо нагласувате, во име на германските уметници, дека со благодарност и веселба го поздравувате повторното оживување на националното достоинство. (...) Ваше свето право е да се чувствувате како уметник и нештата да ги набљудувате од живо уметничко стојалиште.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Сакам да ги користам сите можни изразни средства што се во некоја врска со другите уметнички форми коишто постоеја во Европа - сликарството, на пример, кое исклучително ме интересира - за да можам да го остварам тој вид на идеален филм.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)