Само нека ме гибне по таа работа, лебами, ич нема да му се, плаша.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тоа ќе биде лошото. – А тој ми вели: - За вас имашлиите о комунизмо ич нема да ми е гајле.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Така почнува секое летање со умот: си се замислуваш, на младини, како машиновозач на локомотивата која бревта ли, бревта надмоќно низ сибирските тајги и ич нема гајле дека може да се случи баш среде зима да снема јаглен и да се вкочани на отворена пруга како што капката се вкочанува на стреата и станува мразулец пред да капне на тротоарот.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Да не се плашеше за Нешка, ич немаше да пости, но којзнае, може некој да гледа одозгора па да му напакости на девојчето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Го најде Петрета во колибата на Костевци, навистина со Пацето, кое беше дошло да му донесе на бацка си Петрета алишта за преслекување.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ич нема лав да проговори за три.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)