Вива продолжи да зборува за филмот и за тоа како игра еден андерграунд филм-мејкер во сцена на журка, на која Џон Војт ја запознава Бренда Вакаро.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Од гранката на старата слива се обидував да гледам кон спротивната страна на селото, каде што беше куќата на неговиот дедо и да го здогледам него како игра во неговото маало со другите деца.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
ГО - Еден ден М. Горки го видел Гогољ како игра шах со Ван Гог. „Знам една слична кинеска игра, ГО“, рекол Горки. „Се однесуваш ко горила, Горки!“, рекол Ван Гог. Тогаш случајно поминал и Гоја. „Си почнал да се гоиш, Гоја? Да не играш многу голф?!“, рекол зајадливиот Гогољ. „Ништо не е тоа во однос на Де Гол кој оди ’ор гол по мостот Голден Гејт!“, рекол Гоја. „Која година е ова?!“, прашал уште еден случаен минувач, филмскиот режисер Годар. „Ти годи да поставуваш вакви прашања?!“, му рекол зајадливиот Гогољ на Годар. „Ова е ко некоја готска приказна...“, промрморел во себе навредениот Горки. 42 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Виде деца како играат по тротоарот: Русокосото беше сонце и токму кога младиот човек минуваше крај него се одлепи од плочникот. Од косата му засветли злато.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)