Тешко ми е да го завртам неговиот телефонски број. Како да го прашам к-како си? Тоа не е сообраќајка! Тоа не минува.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Тој се смее. На некој чуден начин ме успокојува кога седам со него на клупата пред црквата.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Другите добиваат писма и друго, а ти не се јавуваш да знаеме како си.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Да те запраша - како си...“ вели Влатко.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Како си? Добро си?... -Многу добро! Многу добро!
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
- Па, Диовец, како си ми? Во војска беше готвач, нели? - Помошник готвач.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
ХРИСТОВ: (Продолжувајќи го разговорот што го водел надвор.) Што мислите, господин Луков... не ќе биде ли подобро, јас првин да разговарам со неа? (Влегува Неда.) Добар ден, мила. Како си?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ВАСИЛКА: Добро ве најдов (оди кај Антица која стои понастрана и ѝ пушта рака). Ти, Антице, како си?...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Затоа го пушти соговорникот да зборува. - Како си ти, како ти е роднината?
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ќе ме поздравиш и ќе ме прашаш: „Како си? Убаво изгледаш... не си се променила“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
- Ами со триесетте и два како си? - Не чинам пари со нив - му одгоорил старио - чунки без дваесет и осум триесет и два имам.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- им рекол старио.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Двапати арамиите ме пленија и уште еднаш се токмат да ме пленат, што му реков, тоа јет, што две ќерки омажив, и многу стока по нив дадов и за другата ќерка што имам, има да давам многу пари и по неа.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Не знаевме дека тоа им било „како си, што правиш, кај ќе одиш, кога ќе се вратиш“ . Не било тоа налутено карање или друго.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Како си? - ме прашува мојот американски пријател Норман. - Страшно - велам. - Fine - вели и срдечно ме потупнува по рамето.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
„Како си тато, се држиш ли?“ А ти со наведната глава седеше на столицата покрај компјутерот и одвај кажа збор, два - не можеше повеќе.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
- Ти како си? - ѝ се обрати на Елена. Сакаше да го смени разговорот... да не зборуваат за Марија.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
СИМКА: Како си, добро ли си? БОЖАНА: Сполај му на господ.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
— Mope доброутро, Крчо, море добре дојде, море како си, шо правиш, шо чиниш?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Ами кај одиш, шо правиш, мори другачко? Како си, како поминуваш?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ами ти бре Силјане, како си сега со татко ти, али го ризаш потроа?
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
- Добар ден, мамо, како си? - Добар ден, девојче мое.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
А ти, како си ти? - Ете, ја возам гнидата... - А ремените, чизмите, јајцето?...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
АНЃЕЛЕ: Како си, чичко Димитрија? ДИМИТРИЈА: Сполај му на Бога.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
АНЃЕЛЕ: Како си, чичко Димитрија? ДИМИТРИЈА: Сполај му на Бога.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Сѐ со убава помисла и сѐ некој те возбудил со нешто: - но, каде си? - како си? - што си?
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
АНДРЕЈА: Што има лошо што прашав како си? СИМОН: Знаеш ти. АНДРЕЈА: Не знам.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
ДИМИТРИЈА: Не знам, си го бараме со боринче. (Пауза.)
АНДРЕЈА: Како си ти, Верче?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
СОЊА: Матеј! МАТЕЈ: Да, мама. СОЊА: Како си? (Пауза) Зошто си ваков? (Пауза. Тишина.)
БОРИС: Одговори ѝ на мајка ти, Матеј.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Поарно е малку да се отспие и да биде човек трезен кога е буден. (Пауза.) Ја сретнав Лиле. Праша како си и те поздрави. СТЕВО: Не ми е гајле.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
КИРО: Не плаши се. По друго сум дојден. Како си? ЕВТО: По кое?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
МЕ СРЕТНА еден другар од училишната клупа. - О, здраво-живо, како си? - Здраво, добро сум, а ти?
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
— Како си, Небеска? — Вчера ми беше лошо, а денеска уште полошо.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И јас како тој: сретни човек и, дај една цигара, добар ден, како си, дај една цигара, ај со здравје, дај и за по јадење...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)