Како стана, така се поткрена и пружината на креветот.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
На тој смрзнат Бадник, таинствено завиткан во жолта гуња и ретки крпи магла, сликата минуваше пред човекот мртво се огледуваше во неговите очи: тој беше слеп за сѐ околу себе и газеше како смрт, не можеше да се сети како стана сето тоа?
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Како стана де?! Така, стана... Сакало да стане и стана.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Еден господ знае како стана тоа така, а сите бевме заедно.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога и како станавте свесни за неправдата којашто тој ја претставува? Мошне доцна, морам да признаам. По војната.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)