како (прил.) - ви (зам.)

Но како ви се чини, дали таа борба ќе биде победоносна за нив? – Не. – Таа само ним ќе им го ископа гробот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Па како ви се допаѓа работата кај господин Херцог?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Убави тие, дечиња. Како ви оди чколото? - Добро, - реков размислувајќи за тоа што го кажа бабата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Како ви се чини: дали се доста? Дали се многу? Дали се повеќе од добрините што ни ги направија Србите?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како ви се падна и вам за исто?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дики, мислам дека ме излажа она за филмот!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Како ви оживе кучево, ме прашува Доксим Тренчески, пристасувајќи не кај Зајгазица. - Остави ја жената, вели жената му, Јаглика.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се кладам дека сум те гледал во Снежана и седумте џуџиња! (На Грета ѝ набабрува жилата на челото) А како ви се допаѓа мојава пицерија?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)