како (прил.) - ѝ (зам.)

Убав, млад, рус како неа, јак и снажен како 'рслан, неженет, како си мислеше таа и како ѝ се кажа Толе; работник — минер. А уште кога се слушна во логорот дека го турнал Ѓузепа во тунелот и му ја зел мартинката на Аќифа, Толе порасна во очите на сите работници и работнички, а најмногу во очите на Проќа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мораше набрзина да голтне парче чоколада, бидејќи почувствува како ѝ далдисува снагата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ѝ го гледав грбот; гледав како дише, гледав како ѝ се поткреваат градите, одзади гледав како ѝ се шират ребрата на градниот кош („како на кораб дотогаш неосвоен од туѓ морнар“, напишав во една песна); гледав дека е сосема свесна дека ја гледам и дека прави милијарда мали и непотребни движења кои ме излудуваа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој ѝ климна со главата, а таа само срамежливо се насмевна и го трга погледот на страна, чувствувајќи како ѝ шика врелина во лицето и како врвовите на ушите ѝ горат.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се слушна себеси како ѝ шепоти на Марија. Сосема благо. Обидувајќи се да делува смирено. Спокојно.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„На жената од над амбисот мислиш?” праша мајка ми додека седнуваше да се потпише во бележникот на поштарот за примените пари.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еднаш го слушнав поштарот како ѝ вели на мајка ми „Онаа, легнатана, ако стоеше немаше да ни се причинува толку голема“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само еден, некој Јаков Иконописец што ќе останел да го надгледува довршувањето на водениците, движен од исконско пијанство во себе, можеби со заткарпатска медовина во крвта, без причини се обидувал да запее.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сите знаеле дека тој му е близок роднина на косместиот Онисифор Мечкојад, некои дури и слушнале како ѝ се заканува на игуменијата Минадора.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Јас немам женско, и затоа ми е полесно”, ѝ рече мајка ми на Рашела, која со светнати очи, ја слушаше како ѝ ја соопштува намерата да ѝ даде мираз за свадбата, смеејќи се од сѐ срце, заедно со нас на коментарот на мајка ми, секогаш кога Евридика ќе додаваше нова сума на чеизот на Рашела:
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нема ништо за тоа како ѝ е таму, туку наместо тоа тирада за животот воопшто дека ти е како совалката во разбојот додека се ткае, те турка низ конците на деновите еднаш наваму еднаш натаму како што често знае да каже мајката Роса, ама каде е таа, Пелагија, во тој разбој, не кажува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Додека ја слушаше, а не ја дослушуваше жената како ѝ зборува, Горда гледаше во детето - годиначе, тоа си играше на подот од кујната, седнато па стркалано, уште сакаше повеќе да лази одошто да оди, клатејќи се на ножињата како пајче.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но, бидејќи не му бев одговорил а помина поприлично време Пачев ја тргна раката од моето рамо и седна на креветот. – Подобро ќе беше да ја фрлиш в оган а не да ми ја донесуваш. – Секој ден идевте за да видите како ѝ напредува работата на Пеперутката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не те разбирам – мислам дека ми рече таа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога открив дека сме заедно слушнав како ѝ велам дека не смее да го искористува моето невнимание.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Помислив тоа го правите зашто ви се допаѓа сликата! – го потсетив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не ме слуша како ѝ кажувам дека е шмизла и легнувам да спијам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дејан ми кажува дека носот му бил најубавото нешто на неговото лице.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Неколку пати нагласи како ѝ е многу драго дека сум бил во редакцијата: фала му на Господа, тука си, те фатив!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој си го избакнал детето во лулката, нежно ја прегрнал саканата, и таа цела ноќ го слушала како ѝ липа врз градите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Сестричке моја, сестриче мила, ѝ рекла жената на најстариот брат, од сè срце би им однела ручек на мажите, арно ама ноќеска некој ѓавол ми влезе...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Јас стојам долу со фенерот и гледам како ѝ се откриват глуждовите и листовите од нозете. И светка месото и не ми дава да се мрднам. За малку да го испуштам фенерот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)