како (прил.) - амајлија (имн.)

Снимателот немаше доверба во својот асистент да му ги даде инструментите што си ги задржа на вратот како амајлија, иако во штабната барака не го очекуваше некоја неизвесна судбина освен да пие ладно кафе, да трга цигара по цигара и одвај да чека да му понудат од шишето што се криеше во бирото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Летото во крвта како амајлија на градите на номадот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И така таа ошче не е пријавена во уќуматот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А колку шо паметуам и едното уше ѝ е зараснато, та една обетка ногу и од машките носат како амалии, та и од таа страна работата е ујгун.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Помеѓу осаменоста минуваат ридови а покрај кладенците навраќаат уморени суштества Небесниот круг е затворен Чекорам по глувата пустина верувајќи во сите пророштва а твојот скаменет лик го носам како амајлија.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)